еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Профит од 117 милиони евра: Сите банки работеле со добивка

Во 2020 година, банкарскиот систем оствари добивка од работењето во износ од 7,2 милијарди денари (117 милиони евра), којашто во споредба со претходната година е поголема за 8,5%, или за 567 милиони денари, покажуваат податоците на Народната банка.

„Најголем придонес за растот на добивката имаше капиталната добивка остварена од продажба на преземени средства (повисока за 916 милиони денари, или за речиси 1,5 пати), а во помала мера и растот на приходите врз основа на наплатени претходно отпишани побарувања (коишто бележат раст од 158 милиони денари, или за 18,3%).

Повисокиот финансиски резултат во 2020 година е под влијание и на намалениот број на банките, со оглед на излезот на „Еуростандард банка“ АД Скопје од банкарскиот систем, којашто работеше со загуба.

Од друга страна, отсуството на поголем раст на добивката се објаснува со зголемувањето на трошоците за исправка на вредноста (во поголема мера на финансиските средства, а во помала мера на нефинансиските средства) и намалувањето на нето-приходите од провизии.

Анализирано по банка, сите банки остварија позитивен финансиски резултат од работењето“, информираат од Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ќе обезбеди помош на границите со Македонија и Албанија за непречена размена на добра во рамките на Зелен коридор

Редакција

Детали за убиството во Дебреше: По тепачка со еден од браќата, тројцата влегле во куќата на соселанецот и го убиле со пушка и пиштол

Редакција

Куќен притвор за „Рекет“ за Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународниот сојуз на Боки 13

Редакција