еМагазин
Image default
Балкан

Во Бугарија ќе има нови избори: Никој не може да состави Влада

Бугарија е пред одржување нови парламентарни избори откако Бугарската социјалистичка партија вчера соопшти дека ќе го врати мандатот што им го даде претседателот Румен Радев за да се формираат Влада.

Претходно мандатот го вратија и ГЕРБ на премиерот во оставка Бојко Борисов и партијата „Има таков народ“ предводена на Слави Трифонов, откако не успеаа да состават Влада.

Според бугарскиот Устав, ако избраните политички партии во Собранието не успеат да формираат владин кабинет по три обиди, претседателот треба да го распушти парламентот, да назначи привремена влада и да закаже предвремени избори во рок од два месеци.

Како најверојатен датум за нови избори сега се спомнува 11 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бучковски: Бугарија влегува во политичка криза, во моментов тешко до решение во преговорите

„Мириса“ на нови избори: И Слави Трифонов го враќа мандатот за формирање влада во Бугарија

Демократска Бугарија и Има таков народ ја одбија партијата на Борисов за нова бугарска Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каменос на мака: Преку Твитер го острани и заменик-министерот Кокалис од пратеничката група на Независни Грци

Редакција

Мицотакис најави блокада за Македонија во ЕУ ако не го почитува Договорот од Преспа

Редакција

(Галерија) Поради високите цени, млади „окупираа“ супермаркет во Солун

Редакција