еМагазин
Image default
Балкан

На кафе или во ресторан со СМС порака: Од денеска се отвараат угостителските објекти во Грција

По шест месеци пауза, поради карантинот и рестрикциите, од денеска се отвораат угостителските објекти во Грција, под посебни правила и протоколи, а полицискиот час ќе започнува од 23, наместо од 22 часот.

Угостителските објекти ќе работат само во надворешните делови, без музика, со ограничено работно време до 22.45 часот, забрането е стоење, дозволено е најмногу шест лица на една маса, а масите треба да бидат на растојание од 0.90 до 1.80 см, во зависност од поставеноста на столчињата.

Маската е задолжителна за персоналот, а постои силна препорака да ја користат и посетителите.

За вработените задолжителен е селф тест, односно тест за домашна употреба два пати седмично, а трошоците за еден од тестовите ќе ги покрива државата.

Сопствениците, кои во изминатите денови интензивно работеа на подготовките за отворањето, велат дека сѐ ќе биде подготвено, но и истакнуваат дека за нив, најважно е да не бидат повторно затворени.

Од почетокот на пандемијата, во изминатите 15 месеци, угостителите во Грција беа затворени вкупно осум месеци, два за време на првиот и шест за време на вториот карантин.

Отворањето на угостителските објекти, не значи и крај на карантинот во земјата, воведен на 7 ноември 2020 година, со оглед на тоа дека и за одење на кафе/пијалак или во ресторан, граѓаните ќе треба да испратат СМС порака, нешто што е веќе секојдневие во Грција во изминатите шест месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Границите на Грција остануваат затворени за македонските државјани до 14 мај

Од Грција чекаме одговор дали од 14 мај покрај со сертификат за вакцина и ПЦР, ќе може да се влезе и со брз антиген тест

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Тирана Самит Западен Балкан – ЕУ

Редакција

За српскиот претседател Вучиќ и неговото семејство има тајни снимки во траење од 660 минути

Редакција

Како е можно летало од 6. тони да помине повеќе од 1 час над членка на НАТО, а никој да не го забележи, прашува хрватскиот претседател

Редакција