еМагазин
Image default
Свет

„Модерна“ договори испорака на 500 милиони вакцини за програмата Ковакс

Глобалната програма за правична распределба на вакцини Ковакс потпиша прелиминарен договор со „Модерна“ за купување 500 милиони дози од својот препарат против Ковид-19, соопшти денеска Унијата за вакцини – Гави.

– Многу сме возбудени што го потпишавме овој нов договор со „Модерна“, давајќи им можност на учесниците на Ковакс пристап до друга високо ефикасна вакцина, изјави Сет Беркли, извршен директор на Гави.

„Модерна“ оваа година ќе испорача 34 милиони дози од својата вакцина против коронавирусот, а Шведска ќе донира еден милион вакцини на „АстраЗенека“ за програмата Ковакс, што претставува мал поттик додека глобалната програма се бори да обезбеди доволни количества за вакцинација на најсиромашните во светот.

Иако е во сила договорот со „Модерна“ за купување на 500 милиони дози, испораката ќе почне дури во четвртиот квартал од годинава со 34 милиони вакцини. Остатокот од 466 милиони ќе биде достапен следната година, соопшти Гави.

Договорот е постигнат откако Светската здравствена организација ја одобри вакцината на „Модерна“ за итна употреба, што е предуслов за користење на вакцините во рамки на Ковакс.

МИА/Фото: Photo by Daniel Schludi on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да спречи геноцид во Газа, му нареди Меѓународниот суд на правдата на Израел, но не го повика да ја запре војната

Редакција

Заразените со корона вирусот може да не го вратат сетилото за мирис

Редакција

(ВИДЕО) Кина во среде пандемија со Ковид-19 сака да му ја одземе автономијата на Хонг Конг

Редакција