еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Службен весник на Грција објавена одлуката за дозволен влез на македонските граѓани

Северна Македонија е меѓу земјите за кои, веќе и официјално постои исклучок од забраната за влез во Грција, согласно министерската одлука објавена во Службен весник, во која детално се објаснети условите за патување кај јужниот сосед, јави дописничката на МИА од Атина.

За влез во Грција, потребно е да се поседува, или сертификат за вакцинација (да се поминати две седмици од втората доза), или негативен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или потврда за прележан Ковид-19.

Исто така, задолжителен е и електронскиот формулар PLF, достапен на www.travel.gov.gr.

Од копнените граници кон Северна Македонија, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално од МВР: Македонските граѓани може да влегуваат во Грција

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За реновирање на Angels cafe, Роби „Телекабел“ потрошил половина милион евра

Редакција

Случајот ,,Тендери” за Канческа Милевска по шести пат почна од почеток

Редакција

Македонците и Црногорците најмногу користат интернет, Србите најмногу купуваат онлајн

Редакција