еМагазин
Image default
Македонија

Ректорот на УКИМ, Јанкуловски прашува по кои критериуми се одвива вакцинацијата во високото образование

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски бара вработените од овој Универзитет да бидат што поскоро вакцинирани, но бара и одговор од надлежните по кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование.

„Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со најголем број студенти и вработени во високото образование и како здравствен работник сериозно сум загрижен за односот на надлежните авторитети кон високото образование во врска со имунизација на вработените заради претстојната испитна сесија и високообразовниот процес воопшто.

Имено, пред извесно време Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се обрати до надлежните со образложени причини за потребата од имунизација за вработените на Универзитетот. До сега немаме добиено никаков одговор, а овие денови се вакцинираа вработените на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип,“ пишува ректорот Јанкуловски во реакцијата испратена до медиумите.

Тој, како што додава, ја поздравува имунизацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но,  истовремено тоа го сфаќа како дискриминација, бидејќи Универзитетот чиј ректор е тој, не добил никаков распоред за имунизација на универзитетите, што, според него, укажува дека имунизацијата се одвива без да се води сметка и за другите универзитети.

-Ова од причини што очекував дека штом вработените на еден универзитет се вакцинирале, дека надлежните имаат распоред и за другите универзитети и дека за распоредот ќе бидеме известени, но за жал изгледа такво нешто не постои, вели ректорот на „Св. Кирил и Методиј“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дел од украдената марихуана од Јосифово завршила во Косово, откри Заев

Редакција

Судењето против Жан Митрев започна од почеток поради истек на 90 дена од последното рочиште

Редакција

(Видео) Идејата за премиер Албанец, ДУИ ја промовираа со осветлување на Кале со прашањето „Зошто да не?“

Редакција