еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дел од украдената марихуана од Јосифово завршила во Косово, откри Заев

Оставам на истрагата, гледате дека МВР ефикасно постапува. Еден дел од тоа што беше Валандовско-гевгелискиот регион веќе е откриено во областа на Арачиново, еден дел е во Косово, се работи со службите да се открие до крај и да бидат извадени пред лицето на правдата сите одговорни, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев.

Во однос на вчерашната полициска акција во Крушево, Заев посочи дека е информиран дека се случуваат вакви девијантни појави и дека ова е втора, потсетувајќи на акцијата пред некој ден во Валандовско-гевгелискиот регион.

– Прво апелирам, а веќе постапува Комисијата за давање на дозволите за лиценца за да направи детална контрола покрај тоа што го прави МВР. Уште еднаш поддршка за сите овие акции, за превенирање, спречување и откривање на сите незаконски дејствија поврзани со дрогите, а вклучително овде и канабисот којшто надвор од законско пропишаните рамки излезе надвор, изјави Заев.

Оставам на истрагата, нагласи Заев, посочувајќи дека МВР постапува ефикасно.

– Еден дел од тоа што беше Валандово-гевгелискиот регион веќе е откриено во областа на Арачиново, еден дел е во Косово, се работи со службите да се открие до крај и да бидат извадени пред лицето на правдата сите одговорни.

Истото се случува и со Крушево и ќе продолжат ваквите активности, будно го следиме целото тоа преку МВР како најнадлежно за оваа работа заради тоа што ова е процес којшто е контролирачки и верувам дека самата истрага ќе покаже кој и зошто е виновен или слично, рече Заев.

Во однос на тоа дека меѓу уапсените во Крушево бил и близок роднина на заменик-министерот за внатрешни Назим Буши, Заев рече дека првпат слуша за тоа кои луѓе се инволвирани, но и дека не е важно, бидејќи треба да си одговараат без разлика кои се.

– Така што за мене сега ова што го спомнавте се само индиции, информации. Јас дури и првпат слушам за кои се инволвирани луѓе, впрочем и не е важно кои се инволвирани луѓе.

Ако се инволвирани тие треба да си одговараат без разлика кои се, како се поврзани, со кои важни или неважни личности во државата, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е струмичката фирма „Херб Индустри“ од каде беше украдена марихуаната која заврши во Арачиново

Како марихуаната била украдена во Јосифово и како стигнала до Арачиново, детали од Обвинителството

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијансата за Албанците и Алтернатива официјално во коалиција под слоганот „Државата за сите”

Редакција

173 се реинфекции: Нови 1.822 случаи на Ковид-19

Редакција

Колку е богат пријателот на Груевски, Виктор Орбан

Редакција