еМагазин
Image default
Македонија

„Слободен печат“: Скопјанец по грешка прими втора наместо прва доза од „Спутник V“, ќе се ревакцинира со првата

Министерството за здравство потврди дека кај нив е пријавен случајот на скопјанецот од критичната државна инфраструктура, кој наместо првата ја примил втората доза од руската вакцина „Спутник V“, која има различен вектор од првата, и преку Комисијата за имунизација даде препораки за конкретниот случај, пишува „Слободен печат“.

„Согласно достапните научни сознанија за ефикансоста во однос на начинот на делување на „Спутник V“, секундарен имун одговор се стекнува по примање на втора (бустер) доза со различен вектор.

Со оглед на фактот што вакцинацијата е спроведена со вакцината „Спутник V“, компонент II, земајќи го предвид горенаведното потребно е да се комплетира вакцинацијата со примање на втората доза на вакцината „Спутник V“, компонент I“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен поранешниот директор на Онкологија Нино Васев, три лица избегале во странство

Редакција

Ирена Алексиоска Папестиев е нова директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство

Редакција

Можни рестрикции за соседите за влез во Македонија поради корона вирусот

Редакција