еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Следете во живо) За продолжениот викенд Македонците во „поход“ на Грција

Продолжениот викенд, за прв пат од почетокот на пандемијата, ја зголеми сообраќајната раздвиженост на граничниот премин Богородица, што беше забележливо уште во текот на вчерашниот ден, потврдија утрово за МИА од дежурната гранична служба.

– Од отворањето на граничниот премин Евзони, на грчка страна, изминативе седум дена преку Богородица на дневно ниво транзитирале во просек по 1.300 до 1.400 патници на излез и влез во земјава, а само вчера тој број е зголемен за две илјади патници повеќе, што значи дека во двата правци низ ГП Богородица транзитирале 3.500 патници од кои 2.020 македонски и 1.480 странски, меѓу кои најбројни биле државјаните на Србија, соопштија од дежурната гранична служба.

И денеска од утринските часови состојбата на ГП Богородица е непроменета. Интензитетот на преминување на границата е ист без поголема сообраќајна гужва поради разреденото пристигнување на возилата.

Според новиот протокол за влез во Грција, нашите државјани треба да знаат дека им е потребен вакцинален картон со поминати најмалку 14 дена од примена втора доза од вакцината, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, пополнет ПЛФ образец 24 часа пред тргнување на пат и дека пред четири дена грчките гранични служби почнаа да ги признаваат антигените тестови и потврдите за прележана болест.

Состојбата на границата следете ја во живо, ОВДЕ.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Напаѓачот на Раде Трајковски Штекли избегал со Ауди, МВР има негов ДНК и отпечатоци, открива КОД

Редакција

302 нови случаи на Ковид-19 од 2.182 тестови, 35 се реинфекции

Редакција

„Тежок тендер“: „Бапал“ ќе ги чисти објектите на државната управа за 204 милиони денари

Редакција