еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Засега нема официјална препорака за трета доза за вакцинираните со кинеската вакцина „Синофарм“

Професор Д-р Александра Грозданова, национален координатор за имунизација, во изјава за телевизија Сител вели дека засега нема официјална препорака за трета доза за вакцинираните со кинеската вакцина „Синофарм“.

-Оваа вакцина се користи во повеќе земји во светот и е одобрена од Светската здравствена организација. Ефикасноста е меѓу 75-80 проценти и иако овој процент е помал во однос на другите вакцини извонредно битно е да се нагласи дека оваа вакцина подеднакво успешно ги спречува компликациите и тешките облици на Ковид-19.

Комисијата е во тек со сите објави за ефикасноста на оваа вакцина вклучително и онаа од Србија, каде се увиде дека дел од постарата популација не создала антитела по примање на оваа вакцина.

Се уште нема официјална препорака за примање на трета доза на вакцини, ниту пак за примање на различни вакцини и официјално оваа пракса не се применува никаде во светот, вели Грозданова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Петличковски: Да се размислува за трета доза од друга вакцина за лицата кои со „Синофарм“ нема да развијат антитела

Студија во Србија: 20% од ревакцинираните со кинеската вакцина „Синофарм“ не развиле антитела

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Софијанова за Ковид-19 кај децата: Симптомите може да бидат лесни, но и да се појават сериозни синдроми и состојби

Редакција

(Видео) Првото сексуално искуство на Латас предизвика лавина од реакции во јавноста и на социјалните мрежи

Редакција

Авалон продукција: „Ѓоле не може да умре тој само одмара, додека неговите песни лечат душа“

Редакција