еМагазин
Image default
Македонија

Се затвора и модуларната ковид-болница во Кочани

До крајот на оваа недела модуларната ковид болница во Кочани ќе биде затворена и во неа веќе нема да се примаат пациенти на кои им е потребна хоспитализација.

Од Општата болница со проширена дејност од Кочани, во чиј состав е и ковид болницата, истакнуваат дека причина за затворањето е осетното опаѓање на бројот на позитивни и заболени лица во регионот.

-Во моментот во ковид болницата се лекуваат пет пациенти, сите се од Кочани, имаат полесна клиничка слика и ја добиваат редовната терапија. Дел од нив се на минимална кислородна поддршка и очекуваме до викендов здравствената состојба да им се подобри и да бидат пуштени дома.

Со тоа ќе нема потреба да ангажираме медицински персонал и опрема, што ќе значи намалување на трошоците со кои се соочивме во изминатиот едногодишен период.

Наскоро ќе направиме план за искористување на просторните и други услови на ковид болницата, според потребите на останатите одделенија во нашата здравствена установа, истакна Александар Серафимов, директор на Општа болница со проширена дејност.

За третман на новозаболените и за третман на пациентите со полесни симптоми ќе продолжи со работа ковид амбулантата, каде ќе се дава потребната терапија. Лицата со потешка клиничка слика ќе се испраќаат на лекување во инфективните клиники.

Модуларната болница со капацитет од 35 болнички легла, од кои пет за интензивна нега на тешко болни и со неопходната опрема за дијагностицирање, беше отворена во средината на март годинава.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев се појави во јавноста, не знаел до каде е истрагата за пожарот во ковид-центарот во Тетово

Редакција

Скопските општини кои имаа најмногу заболени од корона вирусот, „паднаа“ под 200 активни случаи

Редакција

Уставен суд: Одлуката за задржување на висината на платите на функционерите е донесена едногласно

Редакција