еМагазин
Image default
Македонија

Летово ќе се прави анализа дали против Ковид-19 во Македонија ќе се вакцинират и деца

Комисијата за заразни болести и Министерството за образование и наука во наредниот период од сите препораки што се сега во сила ќе подготват еден протокол како би се одвивала учебната година од септември и за враќање на учениците на настава со физичко присуство.

Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања рече дека тоа можеби ќе вклучи и план за вакцинирање на деца од 12 до 16 години, бидејќи Американската агенција за лекови ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца на таа возраст.

Евалуацијата на сите препораки и дали децата треба да се вакцинираат ќе се прави во текот на летово.

-Во нашите планови за пристигнување вакцини, може да ја покриеме со количини бројката на деца од 12 до 16 години. Ќе ја проектираме таа количина и ќе ја зачуваме за децата, но нормално таа нема да биде задолжителна, рече Филипче.

Министерот соопшти дека е завршена вакцинација на пациенти со трансплантирани органи и на пациенти на дијализа, во тек е за лицата со ретки болести, а следни се оние со потешки хронични белодробни заболувања.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ експерти: Одлагањето на датумот за Македонија е грешка која не смее да се повтори

Редакција

(Фото) ДУИ како пример за кратенка во учебник по албански јазик за петто одделение

Редакција

Мукоски бараше обештетување од државата за „27 април“ во Стразбур, но ненадејно ја повлече тужбата

Редакција