еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Рашковски оди во куќен притвор

Апелационен суд Скопје денеска донел одлука поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски да се врати, односно да се спроведе во куќен притвор од затворот „Скопје“, потврдија за МИА од Апелациониот суд.

Од таму, информираа дека оваа одлука од Апелација е испратена до Основниот кривичен суд во Скопје и се очекува мерката да биде спроведена.

Вишото јавно обвинтелство Скопје денеска предложи да се прифати понудената гаранција во висина од околу 500 илјади евра на Драги Рашковски за да излезе од притвор.

-Ве известуваме дека Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена Жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелацискиот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција, информира претходно од ЈОРСМ.

Против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски во моментов се водат две истраги, кои се однесуваат на спроведени тендери за набавка и за одржување на софтвер за сообраќајни прекршоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор, Вишото обвинителство прифаќа

Заев во одбрана на Рашковски: Пред фактите и Боговите молчат

Обвинителството отвори истрага за нови кривични дела за случајот со Драги Рашковски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски „Бетон“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за санација на мост на реката Лакавица вреден милион евра

Редакција

Латас на суд: Во Кривичен ново рочиште за „Тревник“

Редакција

Македонија прогласи пет руски дипломати за персона нон грата

Редакција