еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кризната состојба продолжена до крајот на годинава

Собранието изгласа Одлука да се продолжи за шест месеци рокот за постоење кризна состојба на територијата на државата заради заштита на здравјето на населението и безбедност од ширење на пандемија од Ковид-19.

Со измени на постојната Одлука, наместо 30 јуни 2021, кризната состојба ќе трае до 31 декември 2021.

Против одлуката гласаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои сметаат дека е непотребно да се продолжува кризна состојба зашто бројот на заразени е намален и дека тоа се прави за да може да се манипулира на локалните избори во октомври.

Пратеникот Бојан Стојановски во излагањето пред да се гласа побара Владата да им достави анализи и извештаи за проценка на ризикот од пандемијата и за потребата од дополнително прогласување на кризна состојба.

„Таков документ немаме. Оваа кризна состојба може да се злоупотреби за локалните избори. Дали со ова на власта и се дава таква можност,“ праша Стојановски.

Поради неисполнети формални услови, не беше прифатен предлогот на пратеникот Димитар Апасиев од Левица – дневниот ред да се дополни со предлог за измени на Законот за пратеници во одредбите што го уредуваат правото на патни трошоци.

Пред изгласувањето на дневниот ред на 43-тата седница, на кој има 55 точки, пратеникот Апасиев реагираше и на тоа што од собраниска процедура на барање на Владата е повлечен материјалот за Законот за утврдување правен статус на бесправо изградени објекти бидејќи, рече, Владата е овластен предлагач на законот и може да го повлече како предлог, а не како закон за кој веќе се гласало во Собранието и треба повторно да се разгледува од пратениците откако не беше одобрен од претседателот на државата.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери одговори дека Владата поднела барање да се повлече предлогот и дека процедурите согласно со Уставот ќе се уредат со измени на Деловникот во рамки на процесот „Жан Моне“.

Пленарната 43-та седница почна во стариот амбиент – салата „Македонија“ каде што има услови за електронско гласање. Пратениците се вратија таму по неколку месеци работа во Големата сала (купола).

Комисијата за заразни болести одобри протокол по кој ќе се одржуваат пленарните седници.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија и Унгарија ќе испратат покана до Македонија да се приклучи кон изградба на брза железница

Редакција

Од среда задолжително носење заштитни маски и ракавици за граѓаните во Куманово, Тетово и Прилеп

Редакција

Собранието го донесе Законот за судски совет

Редакција