еМагазин
Image default
Балкан

Од 1 јули се укинува полицискиот час во Грција, а од сабота ќе има музика во угостителските објекти

Од сабота полицискиот час во Грција ќе биде пократок и ќе почнува во 01.30 часот, наместо 00.30 како што беше досега, а на угостителските објекти ќе им биде дозволено да пуштаат музика, соопшти заменик министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

По позитивната препорака од комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство, Хардаљас информираше за одлуките на Владата за дополнително олабавување на мерките.

Од сабота 12 јуни, дозволена е музика во угостителските објекти, кои и понатаму ќе работат само во надворешните делови и само за посетители кои седат на маса, а на настаните на отворено се зголемува капацитетот од 50 на 75 отсто.

Хардаљас истакна дека од 1 јули полицискиот час целосно ќе биде укинат, доколку епидемиолошката слика го дозволи тоа, а исто така од 1 јули, на прославите дозволени се најмногу 300 гости, наместо 100 како што е сега.

Мерките кои важат во Грција се однесуваат како на грчките државјани, така и на туристите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

28-годишна девојка загина во земјотресот кој ја погоди Босна и Херцеговина

Редакција

Милатовиќ стана претседател: Ќе бидам кохезивен фактор во борбата за подобра Црна Гора

Редакција

„Знак на благодарност“: Информацијата дека Србите бесплатно ќе возат низ Македонија, топ тема во српските медиуми

Редакција