еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Антикорупциска открила дополнителни набавки на Рашковски

Во соработка со Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ЈОГОКК) Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) донесе одлука да го прекине постапувањето по предметот отворен за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и своите наоди и информации да ги предаде на оваа Обвинителството, информираа од ДКСК.

“Во врска со предметот оформен по наводи за сомневање за незаконитости во постапки за јавни набавки спроведени во генералниот секретаријат на Владата на Р. Северна Македонија во време кога функцијата генерален секретар ја извршување лицето Драги Рашковски, ДКСК претходно извести дека во соработка со ЈОГОКК, своето постапување ДКСК ќе го прекине, а за обезбедените податоци и информации, ЈОГОКК ќе биде известено.

На ден 18.05.2021 година, ДКСК до ОЈОГОКК достави информации и укажување за уште четири спроведени јавни набавки од Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, за кои постои основано сомневање дека според предметот на набавка (камери, кабини) имаат директна поврзаност со набавениот софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување казни, со што сумата за исплата на обврски по овие договори е значително голема“, информираа од Антикорупциска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рашковски оди во куќен притвор

Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор, Вишото обвинителство прифаќа

Заев во одбрана на Рашковски: Пред фактите и Боговите молчат

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицаец, син на поранешниот поглавар на ИВЗ, ранет во Скопје

Редакција

Социјалните мрежи се „запалија„ за изјавата на Филипче дека промената на полот ќе биде на сметка на Фондот за здравство

Редакција

Беса нема да оди на средбата со Рама, не сакале да седат на иста маса со ДУИ

Редакција