еМагазин
Image default
Македонија

Нов состанок на македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања

Заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска го одржува 14. состанок, којшто е трет од предвидените пет за оваа година.

На последниот, 13. состанок на мешовитата Комисија, одржан на 23 и 24 април во он-лајн формат, не беше постигнат никаков резултат, а се разговарало за македонските учебници за седмо одделение, додека темата Гоце Делчев воопшто не била отворена на барање на бугарската страна.

Како што тогаш изјави Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот тим во заедничката македонско-бугарска Комисија, двете страни останале на истите позиции и главна причина што нема резултат, е различната перспектива на средновековието, како и големите разлики во пристапот на надминување на ваквиот вид спорови.

По завршувањето на дводневниот состанок се очекува да биде објавено соопштение за резултатот од оваа средба на мешовитата експертска Комисија. 

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот покоси млад живот: 34-годишен штипјанец почина во ГОБ „8 Септември“

Редакција

За ВМРО-ДПМНЕ изборите во овој момент се во втор план

Редакција

Се проширува проектот МКкарта: Кои се новите 68 претставници на дијаспоратa

Редакција