еМагазин
Image default
Бизнис

Со пренамена на средствата од карго аеродомот ќе се реализираат над 90 инфраструктурни проекти

Над 90 инфраструктурни проекти во вкупна вредност од 49,7 милиони евра ќе бидат реализирани со средствата што беа наменети за изградба на карго аеродромот во Штип.

Во првата фаза ќе бидат реализирани 23 проекти во вкупна вредност од 9,9 милиони евра за што денеска на општините им беа врачени договорите.

Втората фаза е планирана кон почетокот на јули, а третата кон крајот на јули. Станува збор за проекти за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни улилишта, резервоари за вода и други проекти.

Освен за инфраструктурини проекти во општините, дел од средствата ќе бидат наменети и за проширување на капацитетите на двата аеродрома во земјава.

– Главната цел е зајакнување на инфраструктурата и подобрување на условите за живот на локално ниво. Продолжуваме да поддржуваме трајни добра, бидејќи изградбата на локалната патна инфраструктура, водоснабдителна мрежа, канализациони мрежи, реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, здравствени установи, се за подобар живот на граѓаните, за нови вработувања и економски развој, истакна премиерот Зоран Заев на денешното доделување на договорите.

Тој додаде дека Владата се залага за рамномерен регионален развој и зајакнување на децентрализацијата со трансфер на надлежностите од централно на локално ниво.

Извршниот директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер истакна дека за три години ќе бидат инвестирани 35 милиони евра за 99 општински проекти и 14,7 милиони евра за двата постојни аеродроми.

Шенер додаде дека досега биле инвестирани 130 милиони евра на двата аеродроми, како и дека за десет години се бележи четирикратен пораст на бројот на патници. Во 2019 година, според него, на двата аеродроми имало 2,7 милиони патници.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стартуваат подготовките за изградба на скијачкиот центар во Кавадарци

Редакција

Наместо за три дена, за два часа ќе се прават анализите за проверка на квалитетот на течните горива

Редакција

Струмички Грозд лани работел со добивка

Редакција