еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Новата претседателка на Уставен, Кацарска: Ниту еден политичар не може да ми каже како да работам

За случајот 27 април се изнесуваат невистини. Критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до мене. Политиката кај мене нема влијание, рече денеска во претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Таа пред почетокот на тркалезна маса во одговор на новинарско прашање околу изнесените критики од ВМРО-ДПМНЕ, дека за претседателка е избрана поради затворските пресуди кои ги донела за осудените во предметот за упадот во Собранието на 27 април, посочи дека станува збор за невистини поради кои се доведува во заблуда јавноста.

– Не може да стане збор за уставобранители луѓе кои влегле во Собранието, во Законодавниот дом, дом на демократија да се тепаат пратеници, новинари, полиција, а од друга страна да гледаме претставници на полцијата во комплетна борбена опрема како лежи на фотелјите се поздравуваа и гушка со маскирани лица, мислам дека на јавноста и е доволно јасно, рече таа.

Кацарска додаде дека критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до неа.

– Политиката на мене не може да влијае. Нема земја во светот и нема политичар кој не сака да има влијание врз судството. Но, гарантирам и ви ветувам дека никогаш ниту еден политичар мене не може да ми каже како да работам, додаде Кацарска.

Во поглед на изборот на новите судии, Кацарска изјави дека не постои политичар кој може да и се јави и да и каже како да одлучува за некој предмет.

– Во мојата судска работа тоа сум го докажала. Кои судии ќе ги изберат политичарите, за тоа може да зборувате со претставници од политичките партии, се надевам и посакувам да изберат професионалци, чесни судии, на кои воопшто нема да им е битно кој е носител на иницијативата, која одредба се оспорува и слично. Уставниот суд заслужувува да бидат изберени исклучиво луѓе професионалци, додаде Кацарска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

Која е Добрила Кацарска, новата претседателка на Уставен суд

МИА/Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отидов на одмор со семејството во Мексико, оти е многу евтино, вели Рашковски за ТВ 24

Редакција

Уапсените борци на ИД биле радикализирани од оџата Мемиши, од чаирската џамија Тутунсуз

Редакција

Влезот на Охрид ќе остане затворен

Редакција