еМагазин
Image default
Македонија

Уапсените борци на ИД биле радикализирани од оџата Мемиши, од чаирската џамија Тутунсуз

Седуммината борци за Исламска држава кои во вторникот беа уапсени на Меѓународниот аеродром Скопје, а заробени во Сирија во соработка со Глобалните коалициски сили и логистичка поддршка на САД и депортирани во Македонија, биле ученици на оџата Реџеп Мемиши од чаирската џамија „Тутунсуз“, кој пак минатата година беше осуден на седум години затворска казна за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во редовите на ИД.

Терористите, кои по потекло се од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар на возраст од 23 до 41 година, биле донесени со воен авион, а според полициски извори, уапсените дури биле и среќни што со лисици на рацете се вратени во матичната земја, со оглед на тоа што повеќето приведени во Сирија и Ирак биле ликвидирани.

Сите ќе одговараат по член 322а, а еден од нив и по член 394а од Кривичниот закон.Акција за апсењето на терористите се оценува како успех, а според безбедносните служби, тоа ја подигнува безбедносната состојба во Македонија на повисоко ниво, бидејќи повеќе години биле барани по потерници и процесуирани во нашата земја.

Македонија е дел од меѓународната коалиција за борба против тероризмот, а македонските безбедносни служби во таа насока соработуваат со сите странски партнерски служби. Во таа насока, МВР во 2014 година по измените на Кривичниот законик спроведе акции против ИД во Македонија.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Нема повредени или загрозени македонски граѓани во Казахстан

Редакција

Ревакцинирани вкупно 212.201 граѓани

Редакција

(Фото) Со кој се сретна Лавров во Скопје?

Редакција