еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Попладне нестабилно со пороен дожд, од вторник стабилизација на времето

Времето околу пладне и попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе се движи од 24 до 34 степени, а УВ индексот е 7, информира Управата за хидрометоролошки работи (УХМР).

Во Скопје е променливо облачно, а попладне се очекува да биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Tемпературата ќе достигне 31 степен, релативната влажност 77 проценти, а ветерот пет метри во секунда.

Според УХМР, во следните два дена во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со
краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Од вторник следува стабилизирање на времето со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа седум лица од корона вирусот, вкупната бројка до сега изнесува 585

Редакција

Министерката Мизрахи: Таблата поставена во Министерството е наследена, не постои стара и нова

Редакција

По третпат се продава топланата Скопје Север

Редакција