еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сојузот на синдикати бара мерки за заштита на животот и здравјето на работниците поради топлотниот бран

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара Владата да донесе мерки за заштита на животот и здравјето на работниците и граѓаните затоа што, како што велат, според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска и во следните денови времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината, а максималната температура ќе достигне  до 40 степени.

Во соопштението од Сојузот се дополнува дека во насока на справување со најавените високи температури, ССМ бара од работодавачите да ги почитуваат марките за безбедност и здравје при работа, да го намалат и исклучат работењето на отворено за работниците во најтоплите делови од денот, како и да ги обезбедат сите средства и мерки за заштита на животот и здравјето на работниците во овие услови.

Нагласуваат дека од особено значење е да се утврдат соодветни мерки за заштита на здравјето и животот на возрасните, хронично болните и бремените работнички, а доколку тоа право не се почитува ги повикуваат сите работници да пријават кај својот синдикален претставник, претставникот на работниците за БЗР и Државниот инспекторат за труд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ни претстојат пеколни температури, екипите на Црвен Крст на терен

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 19,4%: Минатата недела 43 лица по вторпат заболеле со Ковид-19

Редакција

Доктор Нико Беќаровски со предлог како да го сузбиеме Ковид-19, за да не мораме да се вакцинираме

Редакција

Доктор Докиќ: Променет вкус, кашлица, главоболка и губење на енергија се најчести симптоми на омикрон

Редакција