еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Вучиќ, Заев и Рама утре преку видео конференција ќе разговараат за „Мал Шенген“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре преку видео конференција ќе разговара со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, за унапредување на односите во рамките на регионалната иницијатива „Мал Шенген“ соопштија од кабинетот на српскиот претседател, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ на прес-конференцијата на 24 јуни изјави дека очекува на тој состанок да бидат донесени конечни одлуки за заедничко дејствување против природните катастрофи и за побрз проток на добра, луѓе и капитал.

-За нас е од големо значење системот на работни дозволи, каде оној што ќе добие работна дозвола на територијата на една од трите земји ќе има работна дозвола во сите три земји. Со ова ќе се обезбеди повеќе работна сила во Србија која недостасува, изјави претходно Вучиќ.

Кога станува збор за односите во регионот, тој пред четири дена на новинарите им изјави дека соработката со Македонија и Албанија ќе продолжи да расте.

-Жал ми е што на Албанија и Северна Македонија не им дадоа датум за почеток на преговорите затоа што сметам дека тоа е нефер, порача тогаш српскиот претседател.

Иницијативата „Мал Шенген“, која во моментов ги вклучува Србија, Албанија и Северна Македонија, беше иницирана во Нови Сад во 2019 година од трите земји како проект за подобрување на економијата и регионалната соработка.

Идејата на трите земји од Западен Балкан е да создадат единствен пазар со цел да се забрза нивниот економски развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ за извисувањето на Македонија и Албанија од ЕУ: „Мораме да градиме најблиски односи и да не очекуваме ништо од никого“

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото-галерија) Илјадници насмевки на историската посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас

Редакција

(Фото) Македонци и Грци здружено помогнаа да се изгаси пожар на српско возило во Грција

Редакција

Грција е подготвена да ја поддржи Македонија во овие тешки времиња, изјави Мицотакис

Редакција