еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

За португалската министерка за Европа, македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот

Бугарското национално радио (БНР) денеска пренесе дека за португалската министерка за Европа, Ана Паула Закаријаш македонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот.

Оваа министерката го посочила во разговор со бугарските новинари.

„Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија. Таа е поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и со идната соработка. Во моментов тие работат на нешто што се нарекува патоказ, што ќе им помогне да соработуваат и Бугарија ќе добие гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ работите ќе се одвиваат непречено.

Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција – сетете се дека земјата си го смени името.

Но, тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји…“, стои меѓудругото во изјавата која ја пренесува БНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Португалската амбасадорка во Македонија ги демантира бугарските медиуми за македонскиот јазик

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на португалската министерка за македонскиот јазик

Португалија смета дека треба да се почитува бугарската позиција, се надева дека проблемот со Македонија ќе го реши Словенија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Смртта на мајката и синот од Велес чии тела беа најдени во распаѓање, настапила во март

Редакција

Хелсиншкиот комитет и Млади правници нудат бесплатна правна помош за граѓаните кои ќе пријават проблеми со здравствениот систем

Редакција

Инспекторатите работат со 50% намален кадровски капацитет, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија

Редакција