еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Измена на Уставот за да во него влезат и Бугарите најдоцна во првите месеци од следната година, прогнозира Џафери

Постапката за измена на Уставот би требало да почне најдоцна во првите месеци од следната година за да се запази процедурата и периодот за носење на уставни измени. Оваа постапка би требало да заврши до крајот на скринингот што е планиран за ноември 2023 година, смета претседателот на Собранието Талат Џафери.

За тоа што ќе се менува со уставните измени и дали само Бугарите и/или припадници на други етнички заедници ќе бидат вметнати во Уставот, Џафери вели дека ќе зависи од она што ќе содржи одлуката за менување на Уставот што треба да биде доставена до Собранието.

На лидерската и засега се изнесени само размилувања за други прашања кои би можеле да бидат основа за други уставни измени. Се зависи, вели Џафери, што ќе содржи одлуката за почеток на постапката за менување на Уставот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Перфектен тајминг“ за скандалот со Асим Муса: ЕУ во ист кош треба да ги стави Македонија и Албанија?

Редакција

До крајот на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција

Се е под контрола со Ковид-19 во Македонија, не изолираа како глувци

Редакција