еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Се е под контрола со Ковид-19 во Македонија, не изолираа како глувци

Вчера наместо да се отворат границите без ПЦР тест за Ковид-19 со Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, кој реално многу граѓани во државата неможат да си го дозволат, рампата за македонските граѓани ја дигна само соседно Косово.

Другите држави и покрај регионалниот договор поради рекордните бројки на заразени со Ковид-19 во Македонија одлучија да остане одлуката да патуваме таму со тест.

Истиот ден од авионската нискобуџетна компанија „Виз ер“ соопштија дека привремено и на неодредено укинуваат неколку летови од земјите од поранешна Југославија, а најмногу откажувања на летови ќе има од Скопје.

Нема што да им се лутиме ни на земјите од регионот што не не примат без тестови, а некои и воопшто не не примат со месеци, како што е случајот со Грција или речиси сите членки на Европската Унија или пак на „Виз ер“.

Крвиви сме си сами. Во многу ситуации од почетокот на епидемијата покажавме колку сме себични и колку немаме чувство за никој друг, освен за себе. Да не ги спомнуваме и тие кои уште не веруваат дека вирусот постои. Не дај Боже да имаат прилика да видат за што се работи.

И да. Не е вината за ситуацијата во која се најдовме само кај неодговорните граѓани, кои не ги почитуваат мерките за превенција од Ковид-19. Вина има и кај власта. И таа во многу ситуации импровизираше, а цело време здравствените власти порачуваа дека е ситуацијата е под контрола.

Ама не е. Тоа што барем до сега не се најдовме во ситуација како во некои други земји, да имаме сериозен недостаток од капацитети за третирање на пациенти со Ковид-19 или кадар и не значи дека е се под контрола.

Да не заборавиме дека со месеци ништо не функционираше во здравството, освен за пациенти со Ковид-19. Прашајте ги тие што периодов имаат здравствени проблеми колку работите се под котрола.

Ако сите заедно продолжиме да се однесуваме како што се однесуваме досега, уште долго ќе сме изолирани како глувци. Корона вирусот многумина од нас ќе го преживеат, ама колку од нас ќе ја преживеат економската криза, која одамна е веќе тука или ќе останеме психички здрави е друга приказна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детална листа: „Виз ер“ ќе суспендира голем број летови од Охрид и Скопје

Твитер во „црвено“ за одлуката на Владата за отварање на границата без ПЦР тест само со Косово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантство

Редакција

ЗНМ и СЕММ регираат на однесувањето на Бектеши: Државните функционери повторно во напад кон новинарите, ваквото однесување мора да престане!

Редакција

Неделава ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите

Редакција