еМагазин
Image default
Локално

72-годишникот кој со автомобил усмрти мотоциклист во Трубарево бил „мортус пијан“, одреден му е триесетдневен притвор

Триесет дена притвор му е одреден на 72-годишникот кој вчера во скопско Трубарево предизвика сообраќајна несреќа со смртни последици. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истражна постапка против осомничениот за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Осомничениот 72-годишник, како што соопшти државното Јавно обвинителство,  управувајќи патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички во село Трубарево, во насока од исток кон запад, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај.

-Тој постапил спротивно на член 228 став 1 и член 33 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па возилото го управувал во алкохолизирана состојба со содржина на алкохол во крвта од 1,78 промили и содржина на алкохол во урина 2,43 промили.

Автомобилот го управувал со брзина на движење која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови, поради што изгубил контрола над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во задното тркало од мопед „баутијан“, без регистарски таблички управуван од учесникот во сообраќајот оштетениот Идриз Ќеримовски, наведува Обвинителството.

Од ударот, оштетениот со мопедот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал.

Осомничениот продолжил со автомобилот да се движи во десно, излегувајќи надвор од коловозот и со возилото се качил на тротоарот и платото пред „Маркет бренд“, каде со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на дете, родено во 2011 година, кое како пешак стоело на постојката.

Од ударот оштетеното дете добило тешки телесни повреди.

Осомничениот и натаму со возилото продолжил да се движи по тротоарот каде удрил и соборил дрвена бандера и сообраќаен знак, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​ 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мотоциклист почина, а малолетен пешак е тешко повреден во сообраќајка во Трубарево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25-годишно момче се обесило кај археолошкиот локалитет Баргала: За еден месец, двајца млади си го одзедоа животот во Штип

Редакција

Кривична пријава за семејно насилство во Крива Паланка

Редакција

Разбојници доживеале „фијаско“ при обид за кражба на казино во Скопје

Редакција