еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судскиoт совет го разреши судијата Горан Бошевски

Судскиот совет на денешната 377-та седница разреши еден судија и избра претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар, Гевгелија и Свети Николе.

Елјеса Алији, судија од Основен суд Гостивар е избран за претседател на Основен суд Гостивар, Мерсим Марку, судија од Основен суд Дебар е избран за претседател на Основен суд Дебар, Марица Аврамчева Зафирова, судија од Основен суд Гевгелија е избрана за претседател на Основен суд Гевгелија и Лилјана Додевска, судија од Основен суд Свети Николе е избрана за претседател на Основен суд Свети Николе, соопшти Републичкиот судски совет.

Кандидатот за претседател на Основниот суд Виница не го доби потребното мнозинство согласно законот и Советот донесе Одлука за објавување нов оглас за избор на претседател на овој Суд.

Воедно, денеска Судскиот совет разреши и еден судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција.

Како што објавија некои медиуми, станува збор за судијата Горан Бошевски од Кривичниот суд Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Завршува обврската за зимска опрема во возилата

Редакција

Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски назначени за членови на НО на Стопанска банка Битола

Редакција

9 лица од 101 кои во последните две недели починале од Ковид-19 биле вакцинирани и имале повеќе хронични заболувања

Редакција