еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

9 лица од 101 кои во последните две недели починале од Ковид-19 биле вакцинирани и имале повеќе хронични заболувања

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека 85 отсто од новите ковид случаи и 91 процент од хоспитализираните се невакцинирани.

Според двонеделната анализа, од 06.08 до 19.08.2021 година на територијата на државата 9.881 граѓанин се позитивни од тестираните на Ковид-19. Од нив 1.507 биле целосно вакцинирани (со две дози) или само 15 проценти.

-Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19. Според двонеделната статистика, 8.374 граѓани од позитивните не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91, додека само девет отсто од сите 724 моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице, 92 пациента од починатите не биле вакцинирани, а само девет лица, односно осум проценти, примиле вакцина.

Според анализите, починатите имале повеќе хронични заболувања, наведува Министерството.

Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство.

Министерството за здравство уште еднаш укажува на важноста на вакцинацијата.

-Секоја вакцина што ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, истакнува МЗ.

Во анализата за вакцинирани се сметаат лицата вакцинирани со две дози, кои поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Фарик Арслани, кој е избран за шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар

Редакција

Руската амбасада возврати на обвинувањата на „Гардијан“ за неуспехот на референдумот

Редакција

НЛБ Банка со раст на добивката за 33,5%

Редакција