еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Дебар од Ковид-19 починаа уште две пациентки, 28 лица се на кислородна поддршка

Од денеска во ковид – центар трансферирано е и хируршкото одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде моментно се хоспитализирани десет пациенти.

-Континуираниот раст на заразени со Ковид-19 и потребата за нивно болничко лекување целосно го пополни капацитетот на ковид-центарот, кој од ноември минатата година, функционира во просториите на интерното одделение.

Тука имаме 20 пациенти и болничките легла се пополнети, поради што од денеска ковид пациенти хоспитализираме и во хируршкото одделение, потврди за МИА, Бали Алили, директорот на болницата.

Додаде дека од моментно 30 хоспитализирани ковид пациенти дури 28 се на кислородна поддршка и нагласи дека повеќето од нив не се вакцинирани.

-За жал и покрај сите напори на здравствениот персонал починаа две повозрасни пациентки, жителки на Дебар. Во последните три дена имаме пет починати.

Поради потешка клиничка слика во здравствени установи во Скопје се три лица од нашето подрачје, амбулантски, тука во нашата болница, се лекуваат 25, кои откако ќе ја примат соодветната терапија, малку одмараат и одат во нивните домови, посочи Алили.

На подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа само во последните пет дена опасниот вирус е дијагностициран кај 75 лица од кои 50 во последните два дена, но бројот е многу поголем затоа што за лекарска услуга се јавуваат само оние кои имаат поголеми потешкотии.

Моментно, според официјалната статистика на ресорното министерство, активни на болеста се 160 лица.

Доктор Алили  го повтори апелот за поголемо внимание и совесност во строгото почитување на мерките за заштита.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 24 часа во Тетово 9 починати од Ковид-19, сите се над 65 години со коморбидитети

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Верушевски доби обештетување од 1,7 милион денари од државата за притворот за „Пуч“

Редакција

Слаб интерес на македонските фирми за заштита на трговските марки со Македонија/македонско

Редакција

Судењето за „ТНТ“ започна од почеток, Трајковски дојде сам

Редакција