еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува големиот интерес за вакцинација

Значително зголемен интерес за вакцинација е забележан кај граѓаните во текот на вчерашниот ден, соопшти Министетството за здравство, кое наведува дека  имунизацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренската вакцинација во помалите места и руралните средини.

Заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 638.428 граѓани, а ревакцинирани 495.803, односно аплицирани се вкупно 1.134.231 дози вакцини. Прва доза вчера примиле 13.275, а  вкупно се вакцинирале 17.623 граѓани.

Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 70 отсто од населението над 70 години, 67 проценти од луѓето над 65 години, 63 отсто од тие што се повозрасни од 60 години и 53 отсто од населението над 50 години.

Покрај на пунктовите, вакцинацијата се одвива и на терен на територијата на целата држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Министерството за здравство апелира на масовно вакцинирање за да се спречи тешка форма на болеста и да се намали ризикот од заболување, како и смртен исход.

Потсетува дека за вакцинирање не е потребно закажување кое важи само за малолетници од 12 до 17 години кои треба да бидат пријавени за термин на веб-страницата vakcinacija.mk.

– Сите вакцини се безбедни и ефикасни и се единствен начин да се победи пандемијата, додава Министерството за здравство во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Богданци нови два случаи на Ковид-19

Редакција

Нов раст: 1.375 случаи на Ковид-19 од 7.188 тестирања

Редакција

Мицкоски: Немам намера да поднесам оставка, додека сум жив ќе се борам против оние кои му служат на Заев

Редакција