еМагазин
Image default
Македонија

54% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 494.389 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 400.235 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.377 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.590 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 640.886 дози вакцини, а ревакцинирани се 240.651 граѓани.

Со последните бројки 54% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 52% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 47% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 39% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 112: Во Прилеп регистрирани девет нови случаи на заразени со коронавирусот

Редакција

Автобусот кој изгоре во Бугарија е на „Беса транс“, во него се превезувале лица кои се враќале од екскурзија

Редакција

Бугарија не се мешала во внатрешните работи на Македонија, Захариева само сакала да отвориме и бугарски културен центар

Редакција