еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Најмалку 40 деца и неколку возрасни се заразиле со Ковид-19 во два летни кампови на Халкидики и на Крит

Најмалку 40 деца и неколку возрасни во два летни кампови во северна Грција и на Крит се заразиле со коронавирусот, јавија денеска локалните медиуми.

Првото жариште е регистрирано во камп во регионот Ханија во западниот дел на Крит, каде биле заразени повеќе од 30 деца и одреден број вработени, јави весникот „Катимерини“.

Според zarpanews.gr, се верува дека вработените во кампот знаеле за заразите уште во понеделникот, но на почетокот го негирале нивното постоење.

Летниот камп ќе биде затворен до 15 јули и ќе се бара негативен брз тест од сите деца кога повторно ќе се отвори. Исто така нема да бидат дозволени посети.

Второто жариште е регистрирано во северна Грција, во регионот на Халкидики, каде се заразени 14 тинејџери.

Децата на возраст меѓу 13 и 17 години родителите веднаш ги однеле од кампот. Официјални претставници на кампот изјавија дека испразниле шест единици во кои биле сместени заразените деца. Кампот, патем, е домаќин на стотици деца секоја сезона, претежно од Солун и Халкидики.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Стевановиќ: Очекуваме зголемување на бројот на ковид-случаи по годишните одмори, невакцинираните да внимаваат на личната заштита

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКСКЛУЗИВНО: Логистичкиот центар на Лидл во Куманово ќе биде регионален, не само за Македонија

Редакција

(Фото) Новата Мис на Медитеранот е Мија Стерјовскa

Редакција

Владата му го продолжи мандатот на Владо Бучковски: Каков имот пријавил?

Редакција