еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Парламентарни избори во Бугарија: Ќе формираат ли конечно стабилна Влада

Парламентарни избори се одржуваат денеска во Бугарија, откако на изборите во април ниту една политичка партија не успеа да договори коалиција и да формира влада.

На 4 април, бугарскиот претседател Румен Радев со декрет назначи привремена Влада, за чиј што технички премиер беше назначен Стефан Јанев. Радев, исто така тогаш, ги закажа денешните избори.

Техничкиот премиер Јанев денеска истакна дека се надева дека по денешните избори, ќе се формира кабинет, бидејќи се во државата зависи од предвидлив и стабилен кабинет.

Jанев, кој е на чело на техничката влада, порача дека денеска треба да се покаже одговорност за изградба на политичка власт и изрази очекување дека по денешното гласање некој ќе успее да формира влада.

„Од нас зависи иднината на земјата, нејзините социјални, образовни, економски политики, ги повикувам сите масовно да гласаат,“ изјави Јанев.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека очекува функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, односно одблокирање на Македонија на нашиот пат кон Европската Унија.

„Сакам да им посакам среќа и успех на Бугарите и на бугарската држава на изборите, затоа што важно е секоја држава, така и нашиот источен сосед да има стабилен парламент и да има стабилна политичка влада,“ изјави Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Очекуваме функционален парламент и политичка влада во Софија за добивање на зелено светло, изјави Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тиквеш“ купи винарница во Франција

Редакција

Пет дена ја нема Вања Ѓорчевска: Што досега направи полицијата

Редакција

Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото што им било дадено, повика Мицкоски

Редакција