еМагазин
Image default
Македонија

56% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 428.081 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

„Прва доза вакцина вчера примиле 6.413 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.335 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани.

Со последните бројки 56% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 53% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Голем е интересот за вакцинација без закажан термин,“ се вели во соопштението.

Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во здравствените домови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, велат од Министерството.

Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини и за вакцинација на децата.

Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавени резултатите од Конкурсот за сместување ученици во ученичките домови во 2023/2024

Редакција

Бугарија сака Бугарите во Македонија да влезат не само во Преамбулата, туку и во нормативниот дел, откри Пендаровски

Редакција

На лицата со лоши намери кон нас, нема да им биде дозволен влез во државата на 4 февруари, најави Пендаровски

Редакција