еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Досега поделени 30 илјади картички за патарините, за српски државјани кои транзитираат низ државава

Според последните информации повеќе од 30 илјади картички им се поделени на српските државјани кои транзитираат низ земјава, за да можат бесплатно да ги поминат патарините низ овој коридор, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека тоа е добар гест на пријателство и соработка и потсети дека тоа беше владина одлука како знак на благодарност за она што го направи Владата на Србија за вакцинација на македонските граѓани.

На новинарско прашање во однос на системот One stop shop, Спасовски посочи дека според најавите овој систем ќе се унапредува, бидејќи договорот предвидува контрола и на македонската и на српската полиција.

– Се прават анализи за да може да се воспостави правна рамка за да има само една контрола на излез и на влез.

Во оваа прва фаза има подобрување, но не е она што можеме до крај да го очекуваме, затоа сме со постојана комуникација со МВР на Србија за да можеме овие би рекол негативности што се појавуваат да ги отстраниме и да имаме подобар проток на лица и на стоки генерално, изјави министерот Спасовски, кој денеска заедно со претседателката на РСБСП, Гордана Кожуваровска го посетија граничниот премин Табановце во рамки на кампањата „Вози одморен“.

Спасовски информира дека за ваков проект се разговара и со другите држави од опкружувањето, со цел, како што нагласи, да можеме во рамки на овој регион да имаме подобро движење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србите од денеска ќе добиваат електронски картички за бесплатни патарини низ Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азилантот Груевски доби 30-дневен притвор и за „Титаник“ на СЈО

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Насилството пред Собрание е дело на полициски инсталации, продолжува протестот „Ултиматум-Не благодарам”

Редакција

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Редакција