еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

1.623 пријавени деца и млади од 12 до 18 години за вакцинација, која ќе почне на 19 јули

Според податоците од националниот систем „Мој Термин“ до денеска напладне вкупно 1.623 деца и млади од 12 до 18 години покажале интерес за вакцинирање.

Тие во текот на утрешниот ден ќе добијат термин за вакцинирање, кое за нив ќе почне од понеделник.

Вакцинирањето ќе биде во постојните вакцинални пунктови во градот кој го навеле при пријавувањето, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Најголем број пријавени деца и млади, како што се посочува, има во Скопје и тоа во поликлиниките „Букурешт“ – 376, „Јане Сандански“ – 267, „Чаир“ – 101 и „Бит Пазар“ – 5.

Во Тетово се пријавени 103 деца, во Битола 99, Куманово 86, Охрид 76, Велес 70, Кавадарци 53, Гостивар 49, Струмица 43, Гевгелија 40,  Штип 38, Струга 25, Неготино 15, Кочани 14, а во останатите градови бројките се под 10 пријавени.

По две деца се пријавени во Вевчани, Демир Хисар и Македонски Брод, а по едно во Кратово и Македонска Каменица, потенцираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ревакцинирани вкупно 259.894 граѓани: 58% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немаат доволно пари: Струмички средношколци неможат да одат на Светскиот шампионат по англиски јазик

Редакција

Слаб одзив на протестот за името Македонија во Атина: Полицијата изброја 60 илјади граѓани

Редакција

Твитер реакции за влегувањето на ДУИ во учебник по албански јазик, како пример за кратенка

Редакција