еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Громот удри во езерото на неколку метри од брегот, немаше невреме или дожд, велат од плажа „Оревче“

Во врска со немилиот настан на плажа Оревче, од таму информираат дека, според очевидците, громот удрил во езерото на неколку метри од брегот.

„Полесно беа повредени неколку гости кои седеа на три до пет метри од водата. Во моментот на громот воопшто немаше невреме или голем дожд, па затоа ништо не навестуваше дека ќе има таков силен удар.

Веднаш реагираше спасувачот ангажиран од наша страна преку Црвениот крст Охрид, а да помогнат притрчаа и дел од гостите кои останаа присебни. За неколку минути паниката беше смирена, а неколкумина со лесни изгореници заминаа на лекарски преглед

Со оглед на лошите временски услови денеска на плажата немаше многу гости, а беше откажан и настапот на диџеите. Тимот на Оревче жали за немилиот настан, а на нашите гости им посакуваме брзо закрепнување,“ напиша тимот на „Оревче“ на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема хоспитализирани по ударот од гром на плажата Оревче, вели директорот на болницата во Охрид, Балевски

Пет лица завршија во болница, а најмалку 13 пријавиле повреди или трауми предизвикани од удар на гром на плажата Оревче

Фото: Фејсбук/Оревче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се бара: Кумановец со „Мазда“ удрил во патарина и побегнал

Редакција

ЕВН Македонија и годинава го објави „ЛОСТ“ – отворен е конкурсот за студенти од семејства со ниски примања  

Редакција

(Фото) Како помина првото издание на Фестивалот на македонскиот автомобилизам

Редакција