еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Нема хоспитализирани по ударот од гром на плажата Оревче, вели директорот на болницата во Охрид, Балевски

Не е хоспотализирано ниту едно од 13-те лица кои пријавиле какви било тегоби или последици од случајот со ударот на гром што се случи денеска попладне кај Охридското Езеро.

Директорот на Општа болница Охрид, Горан Балевски за МИА изјави дека непотребно се прави паника кај населението затоа што кај сите кои се пријавиле за интервенција во болницата не се констатирани никакви телесни повреди, освен кај четири лица кои имале лесни изгореници.

Повеќе од лицата кои дошле во болницата, како што вели тој, се пожалиле на стрес, по што им бил извршен специјалистички преглед и сите се пуштени дома. Некои од нив се пожалиле на проблеми со слухот и биле прегледани од специјалист и не им се констатирани никакви повреди.

Громот удрил на локалитетот „Оревче“ во близина на плажата кај автокампот Градиште на Охридското Езеро.

Станува збор за лица од повеќе градови од државата, од кои четири се здобиле со изгореници на екстремитетите, додека другите воглавно биле без видливи повреди, но се пожалиле на тегоби од претрпениот стрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет лица завршија во болница, а најмалку 13 пријавиле повреди или трауми предизвикани од удар на гром на плажата Оревче

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дебарчанец нападнал полицаец

Редакција

Бројот на загинати од земјотресот во Мароко надмина 2.800

Редакција

Максим Димитриевски за првпат зборува за приватниот живот: Сопругата Надица ми е коректор

Петре Димитров