еМагазин
Image default
Бизнис

Корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ со сметки од Охридска банка да извршат ажурирање, велат од УЈП

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата „МојДДВ“ имаат внесено трансакциска сметка од Охридска банка АД Скопје да ја заменат со новата трансакциска сметка, поради статусните промени по нејзино присоединување кон Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

„Исплатата на парични средства како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки скенирани во тримесечјето април, мај и јуни 2021 година ќе се врши во текот на месец август 2021 година, а заради непречено одвивање на исплатата потребно е навремено ажурирање на податоците,“ велат од УЈП.

Ажурирањето се врши во самата апликација „МојДДВ“.

„Граѓаните на брз, лесен и едноставен начин може да ја сменат трансакциската сметка со тоа што треба да се најават во апликацијата МојДДВ и да го одберат прозорчето профил, кое ќе се отвори и во полето за трансакциска сметка ја впишуваат новата трансакциска сметка и го одбираат прозорчето зачувај,“ се вели во соопштението од УЈП.

Заради зачувување на измените по извршеното ажурирање, корисниците ја впишуваат и лозинката на апликацијата МојДДВ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се членови на Одборот на директори на Хотели Метропол

Редакција

Горивата поевтинуваат до два денари

Редакција

Витаминка со намалена добивка во првото полугодие

Редакција