еМагазин
Image default
Балкан

Во Грција повторно се отвораат клиники за лекување ковид пациенти

Клиники за лекување пациенти со Kовид-19, што беа затворени по затишјето во пандемијата на почетокот на летото, од денеска се повторно отворени во Грција, изјави за Скај ТВ, Матина Пагони, претседател на Унијата на болнички лекари во Атина и Пиреја.

Таа нагласи дека хоспитализациите на лица со Kовид-19 во болниците се зголемуваат и за една недела се зголемиле од 5 на 45.

Таа додаде дека „работите воопшто не одат добро и ако не се вакцинираме, никој не може да предвиди што ќе се случува со вирусот во иднина“.

Според неа, ако развојот на колективен имунитет трае до декември, како што предвидоа некои набљудувачи, во болниците „ќе биде застрашувачки“ во октомври.

Што се однесува до потребата од трета доза на вакцина, Пагони рече дека веројатно ќе биде потребна за 80 до 90 проценти од вакцинираните, дека на оние кои неодамна се вакцинирани, ќе им треба трета доза следното лето.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија му забрани на осудениот и пребеган Дамчевски да работи како гинеколог

Редакција

Земјотрес од 4,3 по Рихтер ја погоди Црна Гора

Редакција

Еди Рама и неговата Социјалистичка партија неофицијално се победници на изборите во Албанија

Редакција