еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Возачот на косовскиот автобус, во кој вчера во Хрватска загинаа 10 лица, може да добие 15 години затвор

Возачот на автобусот, во кој вчера загинаа 10 лица, а над 40 се повредени во близина на Славонски Брод, денеска се појави пред Државното обвинителство на Хрватска, осомничен дека предизвикал сообраќајна незгода, за што максималната казната изнесува до 15 години затвор.

Хрватската полиција објави дека е утврден идентитетот на осум загинати лица, додека постапката за утврдување на идентитетот на уште двајца загинати продолжува.

Во полициското соопштение се наведува дека за возачот, 52-годишен косовски државјанин, кој е осомничен, е поднесена кривична пријава поради сомнеж за предизвикување сообраќајна несреќа, а потоа тој ќе биде предаден на државното обвинителство во Славонски Брод за понатамошна постапка.

Досега полицијата утврди дека возачот, кој управувал со автобусот со косовски национални регистарски ознаки, не се движел на среде обележаната сообраќајна лента, туку ја преминал тревната површина, а потоа автобусот се превртел странично.

Во несреќата загинаа 10 лица, 15 лица се здобија со тешки телесни повреди, додека 30 лица со полесни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Понеделник е прогласен за ден на жалост во Косово, во знак на почит на жртвите од сообраќајната несреќа во Хрватска

(ВИДЕО) На момент заспал: Уапсен возачот на автобусот кој излета од автопатот во Хрватска, во несреќата загинаа десет лица

Голема трагедија: 10 лица загинаа во сообраќајка во која косовски автобус излета од автопат во Хрватска

МИА/Фото: Вечерњи лист

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Порталот ИРЛ осуден за клевета по тужба на бизнисменот Анѓушев

Редакција

Од сепса почина новороденче од Прилеп, мајката ги обвини сестрите и докторите за негрижа

Редакција

(Галерија) Штипското кафуле Angels cafe украсено како од бајките: Живи и здрави сме и тоа е доволно да уживаме во најубавиот месец во годината

Редакција