еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Кој е најдобриот тип вода за пиење според нутриционистите?

Водата е течност без која што човечкиот организам не може да функционира, што значи дека хидратацијата е исклучително значајна во секојдневниот живот. Изборот на брендови денес е огромен, а тоа воопшто не ја олеснува одлуката за тоа каков тип вода е најздраво и најпрактично да се употребува.

Нутриционистите издвојуваат неколку видови вода кои што се достапни за потрошувачи и секоја од нив има одредени предности и слабости.

Најпрво, тука е водата од чешма. Таа е најевтина и најдостапна, но често во неа се содржани елементи што не се позитивни за здравјето.

Флашираната вода е, исто така, особено популарна, меѓутоа, дискутабилно е колку е таа навистина практична. Освен што мора да се набави и донесе во домот, таа треба да се складира, што зафаќа простор, потоа да се лади и на крајот да се исфрли пластиката, која што ја загадува околината.

Дестилираната, понекогаш нарекувана и деминерализирана или дејонизирана вода е најчистата форма, но таа во себе нема ниту штетни ниту хранливи материи. Хидрогенската вода содржи молекули на хидроген, кои што се моќни антиоксиданси, а алкалната вода има повисока ПХ-вредност од обичната вода – овие два типа вода се значително поскапи од останатите.

Имајќи го сето ова предвид, препорачливо е решение што ќе ја ослободи водата од негативните состојки, а ќе ги задржи корисните. Тоа може да се постигне со модерен и моќен пречистувач на вода, какви што се моделите на Aquaporin.

За разлика од другите производители, овој дански бренд се истакнува преку посебниот принцип на функционирање, базиран на процесите во природата. Опишано со најпрости зборови: моделите на овој производител водата ја филтрираат исто како во најеколошките и најзачуваните области на планетата.

Ваквиот метод е исклучително ефикасен и брз, степенот на вода што се употребува е намален, а како резултат на тоа, трошоците се значително пониски. Истражувачите на оваа компанија нашле начин како да го искористат протеинот aquaporin, со којшто се пренесува и пречистува водата во сите живи клетки.

Станува збор за елемент што е нагласено ефикасен и селективен, а тоа овозможува сите штетни микрочестички да бидат отстранети од водата. Со филтрите на Aquaporin водата целосно се пречистува од бигор, хлор, вируси, бактерии или пестициди.

Оваа технологија е мошне популарна во развиените земји, а од неодамна, таа е дел и од вселенските летала на НАСА. Пречистувачите од данскиот производител можат да се купан и на нашиот пазар, преку официјалниот застапник „Ецотип“.

На располагање се ZERO и ONE, два вида модерни пречистувачи од Aquaporin. ZERO лесно се монтира на која било чешма и не бара приклучок за електрична енергија. ONE, пак, има ефикасен и модерен дизајн што овозможува висок проток пречистена вода од над 65%, дури и во ситуации на низок водениот притисок.

Подетални информации за уникатните дански пречистувачи Aquaporin се достапни на следниот линк.

Истите се изложени и во концепт-продавницата на „Ецотип“ на улица „Орце Николов“, спроти Машинскиот факултет во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Католиците го слават Велигден

Редакција

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег во Маврово

Редакција

Вонреден надзор во болницата во Битола, откако родилка со неконтролирана бременост родила мртво бебе

Редакција