еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Пановски: Има прележани лица кои даруваат крвна плазма, но не смеат да влезат во кафуле. Кој е тој парадокс?

Во интервју за ТВ 24, доктор Никола Пановски вели дека мерките на власта за справување со четвртиот бран на Ковид-19 се нелогични и задоцнети и дека одговорноста за состојбата со пандемијата е кај оние кои дозволија прослави на затворено и отворени граници.

– Прво, ако сакате нешто да спречите, мерките не ги носите по две недели и овозможувате во тие две недели да се шири болеста.

Второ, во врска со прележаните, апсолутно тие се многу позаштитени. Има прележани лица кои ми пишуваат дека даруваат крвна плазма, но не смеат да влезат во кафуле (бидејќи не се вакцинирани).

Кој е тој парадокс? Моментално имаме 3.000 активни случаи, а за три недели тие 3.000, се надевам сите или голем број, ќе бидат оздравени. Ниту еден од нив нема да смее да влезе во кафуле. Тоа е парадокс.

Трето, една доза не штити. Значи, на забава може да се соберат три момчиња – две да се вакцинирани, а едно да не е. Невакцинираното момче може да оди да се вакцинира и по пет минути да влезе во кафулето. А, имунитетот ќе го добие во октомври. Ова е уште една нелогичност.

Четврто, ако имате 18 години не можете да влезете, а ако имате 17 години и 10 месеци можете да влезете. Матуранти, трета година средно – сите ќе можат да влезат, како тие да не ја шират болеста. А, да не зборувам за помалите од нив, децата.

Ова се тие четири работи кои немаат врска со спречување на болеста. Напротив, дел од нив и ќе овозможат ширење на вирусот, вели Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски за Призма: Инсистирањето да се вакцинираат прележените од Ковид-19 со две дози вакцина е нелогично

Доктор Пановски: Бројот на заболени со Ковид-19 расте и ќе продолжи да расте

Доктор Пановски: Прележаните од Ковид-19 не треба да се вакцинираат, ако веќе го прават тоа, да се вакцинираат со една доза

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска попладне дождови, на некои места пообилни

Редакција

Buffy – путер за туширање од Lush: За мека, мазна, затегната и хидрирана кожа со здрав сјај

Редакција

Што значи персонализирана медицина за онколошките пациенти

Редакција