еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Пановски за Призма: Инсистирањето да се вакцинираат прележените од Ковид-19 со две дози вакцина е нелогично

Во интервју за Призма, доктор Никола Пановски вели дека не е научно базирано владиното инсистирање да се вакцинираат со две дози тие што ја прележале болеста предизвикана од корона-вирусот.

Неколку странски трудови и еден домашен покажале дека за оваа група граѓани е доволна една доза.

Тој аргументира дека илјадници што прележале Ковид-19 имаат огромно количество антитела, во многу случаи и повисока од онаа кај вакцинираните и затоа нема логика сега посредно, преку новата рестриктивна мерка да се присилуваат на вакцинирање.

„Тоа нема врска ни со медицината, ни со епидемиологијата. Од друга страна, може уште в понеделник да се вакцинирате и по 15 минути да седнете во кафуле. А, имунитетот ќе го добиете во ноември или во декември“, вели Пановски.

Ова тврдење го темели и на неодамна објавен труд, направен на нашиот Медицински факултет, кој покажал дека една доза од Фајзер (таа вакцина била испитувана) е доволна за тие што ја пребродиле болеста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втора доза од вакцините кај прележаните воопшто не е потребна, покажува истражување на Институтот за имунологија

Инсистирањето да се вакцинираат прележаните со две дози уште повеќе е нелогично, вели професорот, зашто се покажало оти вакцинираните се инфицираат отприлика седумпати почесто отколку прележаните.

Сепак, тој предупредува дека овие податоци не треба да ги поколебаат луѓето што не го прележале вирусот да се вакцинираат.

„Вакцината ќе ви го спаси животот, ама нема да го спречи ширењето на болеста. Тоа е вистина сега“,вели тој.

Дека вакцината функционира, покажуваат и бројките од земјите што први почнаа со имунизација, како САД, Велика Британија и Израел.

„Во Америка, во јануари или лани во ноември, на 100 000 случаи имаше 3 500 умрени, а сега умираат по 400, значи седумпати е помала смртноста, и тоа е ефектот на вакцината“,вели Пановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Петличковски: Да се чека за вакцина од 1 до 6 месеци по прележан Ковид-19

Нема доволно имунитет со прележан Ковид-19 или со една доза вакцина, порачува Филипче

Доктор Даниловски: Прележаниот само со една доза развива посилен имунитет од непрележаниот вакциниран со две дози

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Клиниката „Жан Митрев“ во постојана борба со корона вирусот: Применети најновите трендови за лекување

Редакција

Доктор Даниловски: Омикрон пламна како шумски пожар, но се повеќе му недостасува кислород за горење

Редакција

(Фото) Мицкоски во чест на Даме Груев пешачеше од Русиново до Петлец: „Планина, малку снег, сонце, прекрасни луѓе“

Редакција