еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија и Турција потпишаа Договор за воено-финансиска соработка   

Во Истанбул министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар потпишаа петгодишен Договор за воено-финансиска соработа и протокол за негова имплементација, зад кои стојат владите на двете држави.

Како што соопштија од Министерството за одбрана (МО), Договорот предвидува фазна алокација на средства на годишно ниво, кои од наша страна ќе бидат користени за модернизирање на армиските капацитети и јакнење на борбената готовност.

– Северна Македонија и Турција не се само стратешки партнери, туку и пријатели кои високо се почитуваат и соработуваат близу три децении, без ниту една дамка во односите, рекла министерката Шекеринска, стои во соопштението.

Договорот за воено-финансиска соработка, нагласила таа, е уште една потврда за пријателството и соработката зацврстени и со НАТО сојузништвото, и ќе биде од огромна помош за унапредувањето на стандардите и борбената готовност на Армијата на Република Северна Македонија како 30-та НАТО членка.

Министерот Акар истакнувајќи го задоволството од потпишувањето на Договорот, потенцирал дека очекува брза и успешна имплементација.

Република Турција е ценет партнер и пријател на Северна Македонија уште од времето на независноста, се наведува во соопштението од МО. Двете земји заеднички учествуваа во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

Во рамки на SEDM иницијативата, Македонија и Турција соработуваат и во Бригадата на Југоисточна Европа SEEBRIG, чиј домаќин во моментов е нашата земја.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Празни улици и затворени продавници, нема шетање покрај море: Како изгледа Солун во карантин

Редакција

Каков имот пријавил Бобан Николовски, новиот директор на Царина

Редакција

Милошоски тврди дека Ковачевски за 7 дена во Њујорк потрошил 20 илјади долари, а се сретнал само со министер на Азербејџан

Редакција