еМагазин
Image default
Бизнис

Во јуни просечната плата 28.744 денари

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јуни годинава изнесува 28.744 денари, а просечната бруто палта 42.950 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата е за 7,0 отсто повисока отколку во јуни минатата година, додека бруто платата е повисока за 7,1 отсто.

Зголемувањето кајнето платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,1  отсто), Уметност, забава и рекреација (20,5) и Информации и комуникации (14,1 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,6 ) и Рударство и вадење на камен (1,6 отсто).

Зголемувањето на бруто платата, пак, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (25,3 отсто), Уметност, забава и рекреација (21,1) и Информации и комуникации (14,1 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (5,3 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (2,7) и Рударство и вадење на камен (1,7 отсто).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На германските инвеститори во земјава им се зголемиле трошоците по воведувањето на недела како неработен ден

Редакција

Граѓаните потрошиле 84 милиони евра преку електронски начин на плаќање

Редакција

Град Скопје склучи договор со „Бауер БГ“ вреден 7,6 милиони евра

Редакција