еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пет лица починаа од Ковид-19 во Тетово, најмладиот имал 49 години

Петмина хоспитализирани го изгубиле животот, а 14 нови пациенти се примени на болничко лекување во Тетово во последните 24 часа, информираше д-р Гзим Нуредини од ковид-центарот во тетовската болница.

-Најмадиот е роден 1972 година, на околу 49 години. Немаме точна анамнеза, но немаме информација дека имал хронична болест.

Исто така, имаме и примено на болничко лекување млади лица од 35 до 45 години. Се уште алармот е на црвено и болеста ги фаќа и младите. Бројот на амбулантски прегледи е се уште висок, што значи ќе има уште многу приеми, изјави д-р Нуредини.

На болничко лекување во ковид-центарот во тетовската болница има 123 лица. Од нив само тројца биле вакцинирани со две дози.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на загинатите во земјотресот во Турција и Сирија надмина 6.200, се трага по преживеани

Редакција

Осум Македонци на листата Топ 100 најбогати луѓе во регионот за 2024 година

Редакција

32-годишен маж пронајден починат во куќа во Свети Николе

Редакција