еМагазин
Image default
Забава

(ВИДЕО) На настап на Горан Бреговиќ во Корча фрлен солзавец

На синоќешниот настап на Горан Бреговиќ во Корча, Албанија во рамки на Фестивалот на пивото, беше фрлен солзавец, по што концертот беше извесно време прекинат, пренесуваат албанските медиуми.

Според албанските медиуми на едно лице му била укажана лекарска помош и завршило во болница, а инцидентот предизвикал паника помеѓу присутните.

Полицијата привела осум лица.

Најавата дека Бреговиќ ќе настапи на фестивалот предизвика лавина од негативни коментари и обвинувања во медиумите на албански јазик во регионов.

Фото: Бреговиќ/Фејсбук/Видео: Твитер/Tirana Blog

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четкар ја освојува Јапонија: Една од најпопуларните јапонски музички куќи го издаде неговиот нов албум

Редакција

(Видео) Целиот настап на Ријана на „Супербоул“, на кој откри и дека е бремена по вторпат

Редакција

Битолската „Зимска приказна“ продолжува со „Фолтин“

Редакција