еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани вкупно 507.443 граѓани, вчера аплицирани 14.554 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 685.775 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 10.688 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.554 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.193.218 дози вакцини, а ревакцинирани се 507.443 граѓани.

„Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 68% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 65% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 56% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во болницата во Штип од Ковид-19 почина една пациентка, на кислородна поддршка се 28 лица

Редакција

Куќата во Битола каде е сместен бугарскиот клуб е на еврејско семејство кое е депортирано: Репортажа на германската телевизија ЗДФ

Редакција

Убава вест: 278 оздравени од Ковид-19

Редакција